УХМР најавува многу топло време со слаб до умерен ветер

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ=9

Времето и метеоролошки параметри за Скопје утре: Сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. T= 41 °C, P= 978 hPa, U= 24 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време (до 06.08) со натпросечни температури за овој период од годината. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен.