УХМР прогноза – Сончево и топло со мала до умерена облачност

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно на југоистокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност.

Од утре не очекува умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела во западните делови ќе има повремен локален дожд.

Во недела времето претпладне ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер.