УХМР со прогноза: Утре доаѓа снег во Македонија, од недела голема промена

|

Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Од попладневните часови врнежите ќе бидат поинтензивни и на места ќе бидат пообилни, а кон крајот на денот ќе има услови за повремен снег и на некои повисоки места.

Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во ноќта кон сабота ќе дува се посилен северен ветер.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.