Ултра луксузната јахта на катарскиот шеик – паркирана покрај грчкиот остров Скијатос

|

Луѓето на грчкиот остров Скијатос беа воодушевени и оваа година кога ја здогледаа масивната, ултра луксузна јахта „Ал Миркаб“ како пристигнува на нивниот остров во северните Споради во понеделникот, според greekreporter.com.

Хамад бин Јасим бин Џабер Ал Тани, поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Катар, е сопственик на овој пловен објект. Не му е првпат да го посети живописниот грчки остров Скијатос.


Претходно ова лето, тој беше забележан во Нафплио и Крф, како дел од неговата летна турнеја на грчките острови. Еминентниот гостин беше виден како оди на прошетка и вечера во локална таверна на Скијатос.


На Ал Тани очигледно му се допаѓа Скијатос па го посетува скоро секое лето. Тој редовно ужива во неговите редовни обиколки на Јонското и Егејското Море во Грција.


Со нејзината изградба завршена пред единаесет години, „Ал Миркаб“ е една од најголемите моторни јахти во светот. Има низа раскошни комфорни палуби и нејзиниот екипаж брои 55 членови. Луксузната јахта е една од најскапите во светот. Долга е 133 метри и има базен, 10 апартмани за посетители и два ВИП-апартмани за шеикот, како и хелиодром, теретана, џакузи и кино.

Додека сопственикот не ја користи, убавата, темносина и бела јахта е прицврстена во пристаниште во крајбрежното предградие на Атина, Фалиро.