Успешно се изведува третата по ред трансплантација од почетокот на годинава

ИЗВОРНов Лист
|

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од донор чие семејство вчера попладне даде согласност за донација. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија.

Националниот координатот д-р. Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори заедно со екипите од Клиниката за Неврохирургија, КАРИЛ, Рентген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за Урологија и Ортопедија викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.

Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти.

Уште еднаш големо сочуство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, стои во соопштението на Министерството за здравство.