Вака ќе откриете дали месото кое го купувате е свежо или не

|

Сигурно некогаш сте се запрашале дали свежото месо кое го купувате е навистина свежо. Ви откриваме неколку начини преку кои може да го проверите ова. Најмногу за неговата свежина може да дознаете ако обрнете внимание на изгледот на производот.

Квалитетното месо треба да има малку внатрешни маснотии, кој може да се видат во бели ленти како венци со кои месото е ишарано.

Ако купувате пакувано месо, во него не смее да има вода. Пред да го купите, добро погледнете дали месото е „водено“.

Следно на што треба да внимавате е:

Боја
Идеалната боја зависи од тоа за какво месо се работи. Телешкото месо треба да биде светло, но не и бело, исто како живината. Говедското месо треба да биде средно црвено, но не премногу темно. Свинското месо е идеално бледо розево. Треба да се избегнуваат сите сивкасти нијанси на месо.

Цврстина
Постои уште еден начин лесно да проверите дали пакуваното месо е сѐ уште свежо. Ако се притисне со прст, мора брзо да се врати во првобитната состојба и да не остане вдлабнатина, а површината на месото мора да свети.