Вкусна пилешка салата: Идеална за славска трпеза

ИЗВОРНов Лист
|

Збогатете ја вашата трпеза со оваа фантастична салата.

СОСТОЈКИ: 300 гр пилешко филе, 1 варено јајце, 1 краставица, 2 раце мелени ореви, масло, 200 мл грчки јогурт, сол, бибер, 3 чешниња лук, 80 гр сирење, печен сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Начинот на подготовка е многу едноставен, треба само да ги измешате подготвените состојки, по редослед како што е прикажано во видеото.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Во продолжение прочитајте уште една идеја: Салата со урда, јатки и краставица

Има разни видови на салати со урда, меѓутоа во повеќето се става и шунка, мојата варијанта на салата со урда е без сувомеснати производи.

Најпрво свежата краставица се лупи и се сече на ситни коцкички. Се посолува со малку сол и се остава да отстои така во цедалка за да го пушти вишокот на вода, отприлика 1 час.
Потоа во сад ја истураме урдата и додаваме павлака постепено. Можеби ќе Ви биде потребно помалку или повеќе кисела павлака од наведената количина зависно од тоа дали урдата е сува или покремаста. Се додава свежата краставица исечкана на коцки и исцедена од водата, насечаните ореви, потпечениот сусам и сончоглед. И на крај се додава и лукот насечкан на многу ситно. Сол се додава по потреба и по вкус. Брза салата се сервира во чинија и се декорира по желба.

Сусамот и сончогледот ги потпеков во сува тава на оган со постојано мешање да бидат убаво печени, за посладок вкус на салатата.
Оваа количина на салата е за поголема слава. Доколку сакате помала количина намалете ги количините на состојките.

Добар апетит!