Вкусни колачиња кои ќе ви го разубават денот

ИЗВОРНов Лист
|

Едноставен рецепт за да го разубавите секој ден без многу напор.

Потребни состојки: 100 гр. путер, 200 гр. темно чоколадо, 100 гр. путер од кикирики, 150 гр. шеќер во прав, едно јајце, 185 гр. брашно, половина лажица сода бикарбона, две лажици несолени кикирики.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени, подмачкајте ја тавата и покријте ја со хартија за печење.
Ставете путер и 100 гр. чоколадо да се стопат и мешајте цело време. Кога сè ќе се стопи, тргнете од оган и додадете путер од кикирики, шеќер и јајца. Потоа додадете ги брашното, сода бикарбона и какао и добро измешајте. Додадете уште 50 гр. чоколадо.
Во посебен сад измешајте ги исецканите кикирики и остатокот од чоколадото.
Земете две лажички од смесата и направете топчиња. Нежно притиснете ги со прстот или задниот дел од лажичка, а потоа ставете малку кикиритки измешани со чоколада на секое колаче одозгора.

Печете 12-15 минути, оставете да се излади и послужете.

Единствено што ви останува е да уживате во овие прекрасни колачиња.