Владо Георгиев категоричен: „Никогаш нема да ја оженам мајката на моите деца!“

ИЗВОРНов лист
|

Пејачот Владо Георгиев своето слободно време го користи за да ужива со семејството. Иако формално не се во брак, партнерката Милица Самарџија ја нарекува сопруга, а сега во интервју за српски „Курир“ открил дека никогаш нема да ја ожени мајката на неговите две ќерки, Софија и Елена.

„И двајцата имаме ист став по прашање на институцијата граѓански брак – непотребно, сувишно и веќе видено. Тоа никому не му донело нешто добро. Важно е дека живееме како сакаме, го браниме нашето семејство и секогаш сме тука еден за друг. Не е лесно, но матичар – никако!“, истакнал пејачот и кантавтор.

Георгиев е роден во Дубровник, Хрватска, од татко Драгољуб од Димитровград, Србија, и мајка Борка од Сараево, Босна. Тој има постар брат, Саша. Кратко време по неговото раѓање, неговото семејство се преселило во Херцег Нови во Црна Гора, каде што израснал и живеел до 16-годишна возраст (околу 1993), по што тој и неговиот брат се преселиле во Белград.

Тој вози мотори и патувал околу Европа со неговиот Харли-Дејвидсон. Тој, исто така, се искачил на Хималаите. Неговите други интереси вклучуваат морски спортови и чамци.