Во љубовта вистински ден за остварување на комуникација – Дневен Хороскоп (20.01.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе ве измачува неорганизираноста. Обидете се најпрвин да воспоставите ред. Во љубовта ова е вистински ден за остварување на комуникација со личноста која одамна ви се допаѓа, доколку сте во брак или врска, ова ќе биде среќен ден за вас.

Бик (21.04 – 21.05)

Не се потпирајте на туѓите ветувања. Фатете се за работа! Во љубовта се навраќате во минатото. Посакувате средба со личност која некогаш ви била многу блиска.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува одлична деловна прилика. Ќе биде потребно паметно да ја искористите, прашајте ја блиската околина и лицата од доверба за совет. На љубовен план треба да донесете некоја многу важна одлука. Не одолговлекувајте.

Рак (22.06 – 22.07)

Кога станува збор за работата, ќе биде потребно малку да се водите и од својата интуиција. Во љубовта конечно ќе ја докажете вашата доминантност во врската. Одлично ќе се чувствувате.

Лав (23.07 – 22.08)

Што се однесува на работата, вие сте многу задволни. Денес е одличен ден за разговор со партнерот. Доколку нешто ве мачи, денес треба отворено да го кажете тоа.

Девица (23.08 – 22.09)

Во изминатиот период многу вредно работевте. Време е малку да одморите и да не се грижите за обврските, едноставно препуштете им ги на колегите. Можно е непромислено да влетате во некоја авантура, но доколку сте во брак не си го дозволувајте тоа.

Вага (23.09 – 22.10)

Не сте задоволни со ситуацијата на работа. Се додека ги обвинувате другите за својот неуспех, нема да бидете задоволни. Доста луѓе се обидуваат да влијаат на вас, не го дозволувајте тоа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе ви биде укажана шанса своите идеи да ги спроведете во дела. Вашата врска би можела да прерасне во нешто поважно и поголемо. Уживајте во хармонијата со партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Окупирани сте со деловните обврски, а ништо не постигнувате да завршите. Околу вас владее хаос. Го запоставувате партнерот. Објаснете му дека ви е потребно малку време да средите се околу вас.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе бидете полни со енергија. Искористете го тоа за да напредувате на работа. Личноста која не сте ја забележувале досега можно е да ви се вовлече под кожа.

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес некој ќе ви претстави солидна понуда во која ќе видите потенцијал да заработите некој денар плус. Прочитајте ги два-три пати правилата. Партнерот е многу толерантен кон вас, имате среќа.

Риби (20.02 – 20.03)

Можна е една ненадејна ситуација на работа. Останете прибрани и се ќе успеете да решите. Ќе се разочарате доколку премногу го идеализирате лицето кое ви се допаѓа.