Во Октомври редок феномен на небото: Сина месечина – еве кога ќе можеме да уживаме во глетката

|

На 31 октомври оваа година, sвездите на небото ќе светат со сина боја бидејќи ќе бидат осветлени од „Сината месечина“.

Овој редок феномен се повторува на секои две до три години. Секако, тука не станува збор за тоа дека Месечината сјае сино, туку за полната Месечина, кога нејзината орбита е поблиску до Земјата од вообичаеното, односно изгледа малку поголема и 30 проценти посветла од „обичната“ полна Месечина.

Специфично за „Сината месечина“ во овој Окотмври е тоа што ќе се појават две полни месечини во еден месец, односно полна месечина ќе има и на први и на 31 октомври. Оваа втората се нарекува „Сина месечина“.

Ваква појава има седум пати на секои 19 години, што значи дека следниот пат кога ќе ја видиме оваа појава е на 31 октомври 2039 година.

Друг куриозитет поврзан со оваа појава е тоа што, првпат по Втората светска војна, Сината Месечина ќе се види низ целиот свет.

Патем, 2020 година има уште еден редок феномен: Оваа година ќе има вкупно 13 полни месечини на небото, додека во повеќето години ќе се случат само 12 од нив, пишува Дејли меил.