Во овој град владее депресија, а ноќта може да трае и по два ипол месеци

ИЗВОРnovlist.mk
|

Рускиот Норилск е меѓу најстудените, најзагадени и најдепресивни градови во Русија.

Со своите 175.000 жители, Норилск е најсеверниот град во светот, а по Мурманск втор по големина град близу Арктичкиот круг, од кој е одалечен околу 300 километри северно.

Покрај Јакутск, Норилск е единствениот голем град во зоната на пермафрост, односно во постојаната зона на мраз.
Затоа Норилск има голем театар, бројни кафулиња, галерии и бројни места во кои жителите бараат прибежиште од мракот и зимата.

Исто така, познато е дека за време на невреме, автобусите често се расипуваат, па резервните возила се подготвени за да можат граѓаните навреме да бидат евакуирани за да не замрзнат на патот. Осум до девет месеци, градот е покриен со снег, а „синдромот на поларна ноќ“, односно темнината која трае два месеци е причината зошто луѓето се вознемирени, нервозни, депресивни и имаат несоница.