Во Словенија падна снег, температурата минус четири степени

|

Во Словенија падна снег, а температурата на воздухот е минус четири степени Целзиусови, јави meteo.si.

Според снимките од Кредарица во северозападна Словенија, поголемо количество снег се задржува на земја и моментално снежната покривка изнесува три сантиметри.

Денешните врнежи од снег на оваа планина ја прекинаа низата од 103 дена без снежна покривка.

Како што е објавено, снегот се уште паѓа, а северен ветер дува со брзина од 37 километри на час.

Снег паѓа и на Канина каде во седум часот утрото паднаа три сантиметри снег.

Првите снегулки веќе се измешаа со капки дожд на Крвавац, Вршич и Уршља Гора.

Инаку на 25 јуни 2018 година обилни снежни врнежи на почетокот на лето се забележани исто така на врвот Кредарица.

Според прогнозите на словенечката агенција за животна средина (Арсо), обилните врнежи од дожд кои од четвртокот предизвикаа проблеми речиси во целата земја, ќе се задржат во западна, централна и јужна Словенија.