(ВО ЖИВО) Дочек на Ципрас и грчката делегација на скопскиот аеродром

ИЗВОРСкопје24
|

Грчкиот премиер Алексис Ципрас со владина делегацијаи бизнисмени доаѓа денеска во негова прва официјална посета на Македонија.

Следете го неговиот дочек на аеродромот во Скопје во живо:

Оваа прва официјална посета на грчки премиер на Република Северна Македонија, однапред го доби епитетот „историска“. Алексис Ципрас и неговиот македонски колега, Зоран Заев, кои имаа храборост и визија да го решат тридеценискиот спор за името, од денеска заеднички отвораат и нови хоризонти за добрососедство и соработка меѓу двете земји. Ципрас доаѓа во придружба на десет грчки министри кои ќе потпишат низа договори за соработка во различни области – економија, енергетика, одбрана, надворешна политика, инфраструктура, транспорт, земјоделие, дигитална политика и здравство, а потоа ќе се одржи и првиот бизнис форум меѓу бизнисмени од двете земји.

Сето ова до пред три години наликуваше на невозможна мисија. Иако владата на Груевски покажуваше подготвеност да разговара за решавање на спорот, една од последните оценки дадена од нејзиниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, беше прилично песимистичка: „Во однос на спорот со името, меѓу двете земји остануваат планини“.

Денес, кога планините се пробиени, пред Заев и Ципрас стојат нови предизвици.

„Наша одговорност – моја и на Зоран, е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да нѐ вратат во мрачните времиња“, изјави во интервјуто за МИА, грчкиот премиер.