Водителката Бојана Скендеровски сподели емотивна приказна за својот роденден

ИЗВОРНов лист
|

Познатата македонска пејачка и водителка Бојана Скендеровски на својот ФБ профил сподели емотивна објава по повод својот 36. роденден.

-14/02/1984 година,Скопје,снег до колена,за чудо татко ми не бил разочаран дека не сум прво па машко,така бар денес ми кажува,можеби и само сака да ми ласка, пишува Бојана.
-Најпрвин требало да сум Јана,но некако и Бојана му се допаѓало,па ајде компромис,во Бојана го има и името Јана…Прво дете на мајка ми,млада мајка,која не ни сонувала какви патешествија јас и таа ќе пребродиме низ животот,татко ми вика,не давала мува да прелета околу мене, сподели пејачката.

14/02/2020
-Нема снег,топло како во пролет,но најтопло е во моето срце,ги имам моите Искра,и Ѓорѓи,а позади нас цврсто не чува мојот Васко…денес е мојот ден…и да,среќна сум пресреќна за се што искусив во изминативе 36 години! Ве сакам луѓе!, порача Бојана.