Времето денес сончево а од утре се менува – Временска прогноза 17 Септември 2020

|

Според УХМР, времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот во југозападните и западните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен североисточен ветер, а во јужните делови ќе има услови за локален дожд. Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од североисточен правец.