За секој пријател по 1 милион долари-Зошто Џорџ Клуни ги раздава парите

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Џорџ Клуни ја изненади јавноста кога го потврди делото кое го направил во 2013 година. Актерот  на фантастичен начин им се оддолжил на своите најблиски пријатели, кои некогаш му помагале додека не бил познат и го трасирал патот до славата. Оскаровецот ги потврди гласините дека дал милион долари за своите 14 пријатели пред 7 години.

Најдобриот пријател на Клуни, Ранде Гербер ги шокираше обожавателите кога рече дека Клуни во 2013 година ги поканил своите пријатели на вечера и ги изненадил со подарок од милион долари што им го подарил на секој од нив.

Клуни изјавата ја даде во списанието „GQ“ и за изданието „Човек на годината“: Само што помислив дека ако ме удри автобусот, тие ќе бидат во мојот тестамент. Па, зошто чекам да ме удри автобус?

Инаку, актерот одлучил да им подари пари на пријателите додека бил сам, и без деца. Моментално актерот е оженет со адвокатката Амал Клуни и е татко на тригодишните близнаци Александар и Ела.