За сите оние кои се родени во 60, 70, 1980те години: Како ли преживеавме?

ИЗВОРНов Лист
|

Се возевме во фиќо и 101 без појаси, петорица на задните седишта, додека мајката на цел глас викаше дека ќе не даде на првиот кој ќе помине доколку не замолчиме.

Сите возевме ист велосипед, секако тоа беше „бемикс“ на кој честопати му паѓаше ланецот, додека се обидувавме со замачкани прсти да го вратиме на место. Во близина не беа родителите кои со страв во гласот викаа „полека“ или деца кои носеа кациги додека возеа.

Во текот на летниот распуст наутро излегувавме надвор, а се враќавме доцна вечерта. Веќе никој и не може да се сети што правевме во текот на целиот ден, а ова се дел од игрите: долга магарица, скокање на јаже, граница, ластик…

Кога ќе паднеше првиот мрак, мајките не викаа дома, но ние тогаш не сакавме да се откажеме во собирањето на светулки кои ги собиравме во стаклени тегли…

Немаше мобилни телефони, никој не можеше да ни се јави за да си дојдеме дома. Јадевме овошје кое го крадевме качени на високите цреши или јаболкници на соседите.

Паѓавме, се кршевме и никој не се жалеше. Гребнатините и посекотините од кои не течеше “многу крв“ ги игнориравме, само да не престане играта. Знаевме дека доколку се вратиме дома, родителите нема да ни дозволат повторно да излеземе надвор.
Јадевме колачи, штрудли, сладоледи, палачинки, но никој не беше дебел, бидејќи трчавме, скокавме, брзавме, се качувавме… Неколкумина од нас пиевме вода од иста флаша, но никој никогаш не добиваше афти или се разболуваше.

Немавме интернет, мобилни, 160 канали, но имавме пријатели!

Излегувавме надвор и веднаш ги наоѓавме. Не се договаравме однапред. Седевме и разговаравме за сѐ и сешто. Ако сакавме да повикаме некого, одевме на неговата врата и чукавме, ѕвоневме или едноставно влегувавме кај него дома.

Дали се сеќавате? Сами во овој груб свет! Како ли преживеавме?

Сите играа фудбал, одбојка, но речиси никој професионално не тренираше некој спорт. Речиси никој од нас ги немаше „сите петки“ на училиште, но ретко кој повторуваше година. Родителите не ни ги учеа или пишуваа задачите.

Бевме подготвени за последиците. Немаше никој позади кого би се криеле. Родителите не се мешаа во нашите одлуки.

Како ли само преживеавме во тој „опасен“ свет?