За совршено бели алишта: Во машината за перење ставете го ова

ИЗВОРНов Лист
|

Ако сакате вашите бели алишта да бидат совршено бели наместо сивкасти или жолтеникави во машината за перење додајте Аспирин.

Освен тоа, совршено ќе ги отстраните дамките, но и ќе ја вратите белината на предметите кои веќе станале сивкасти.

Пет таблети од 300 мг растопете во седум до осум литри топла вода. Во таа мешавина ставете ги белите алишта да отстојат преку ноќ.

Потоа неколку Аспирини ставете и во машината за перење, а резултатите ќе ве воодушеват.

Истот така во продолжение прочитајте и осум нешта што не смеете да ги загревате во микробранова печка:

Микробрановата печка ни го олесни животот многу, а во исто време е и безбедна за користење, освен во неколку случаи.

Осум нешта никако не смеете да ги загревате во микробранова печка, бидејќи може да дојде до нивно горење, размножување на бактерии, искрење, па дури и хемиски реакции кои резултираат со супстанци кои се штетни за вас.

Еве за што се работи:

Јајца

Иако на интернет може да видите многу „сведоштва“ на брзо варење јајца во микробранова, вистината е дека можете да подготвите само омлет. Ако пробате да варите јајце во микробранова, тоа ќе експлодира и вие ќе треба цело попладне да ја чистите од дамки од јајца.

Хартиени ќеси
Можеби ви изгледа како добра идеја обична пченка за пуканки да ја ставите во хартиена ќеса, но таа може да испушти боја и хемикалии, но и да се запали, доколку не е наменета токму за правење пуканки.

Овошје

Овошјето содржи вода која во микробрановата печка се претвора во пареа, која се шири низ парчето овошје, по што доаѓа до експлозија на лушпата. Ако наидете на рецепт во кој се бара поради некоја причина овошјето да се загрева во микробранова, исечете го на парчиња, бидејќи на тој начин нема да експлодира лушпата.

Замрзнато месо
Користете ја само програмата за одмрзнување. Во спротивно, ризикувате врз вашето месо да се развијат бактерии и брзо да се расипе.

Храна во пластични садови

Постојат садови кои се наменети за загревање во микробрановата. Другите пластични садови и чаши не ги ставајте таму, бидејќи поради топлината може да испуштат хемикалии и лош мирис на храната. Не користете ниту пластична и алуминиумска фолија за покривање на садот додека загревате.

Масла
Во некои рецепти за домашна козметика можно е да треба да загреете или растопите некое масло. Правете го тоа на рингла, бидејќи маслото не е супстанца која лесно се загрева во микробранова, поради тоа што не содржи вода.

Алуминиумска фолија

Храната која ја загревате не ставајте ја во алуминиумска фолија, за да не дојде до искрење или пожар во вашата кујна.

Работа напразно
Микробрановата печка не смее да работи напразно. Микробрановите навлегуваат во молекулите на водата во храната и на тој начин ја загреваат. Иако со маслото во микробранова ништо нема да се случи, во празната печка може да дојде до работа во празно и нејзино расипување.