Забрана за пушење на отворено во Турција

ИЗВОРНов Лист
|

Министерство за внатрешни работи на Турција донесе одлука дека од денес воведува дополнителни мерки за пушењето на јавни простори и на отворено. Пушењето на отворено ќе биде забрането во сите 81 провинции на државата – на улици, паркови, плоштади, градини и спортски терени.

Поради тоа што пушачите ги вадат маските од лицето додека пушат, не се почитуваат правилата за употреба на маските како средство против ширењето на болести, соопштуваат од Министерството. Поради ова следува воведување на забрана за пушење на отворено.

Исто така, на сила останува и забраната за пушење во затворено која беше воведена пред извесно време