Задолжителна е зимска опрема за возилата почнувајки од 15 ноември

ИЗВОРНов Лист
|

Од 15 ноември започнува задолжително носење на зимска опрема и соодветна зимска проверка на возилото како што соопштија од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како дел од зимската проверка на возилата се подразбира проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, проверка на акумулаторот, притисокт на пневматиците, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, брави, итн, соопштуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од советот апелираат дека сите овие проверки и подготовки се важни, но најважно од сѐ е носењето на соодветна зимска опрема. Носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година.