Заев: Јас сум човекот кој ги пријавил сите криминали

ИЗВОРНов лист
|

Ако Зоран Заев го дигаше телефонот, како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, можеби и ќе имаше луѓе во затвор, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во тв дуелот на Тв 24.

Вака тој ја искоментира судбината на згаснатото СЈО.

Заев вели дека тој е човекот кој ги пријавил сите криминали, меѓу кои и случајот „Рекет“.

Тој рече дека е бесмислено со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се зборува за правосудство. Вели дека судиите се исти и таму немало промени.

Мицкоски пак рече дека осудената екс јавна обвинителка, Катица Јанева не можела со писмо напишано на рака да ги префрли предметите.

На Заев му забележан дека се сликале и се гордееле со Бојан Јовановски, кој сега е осуден во случајот „Рекет“.