Загаденоста во Скопје достигна алармантни бројки

ИЗВОРНов Лист
|

Во скопската населба Автокоманда синоќа беа измерени дури 827 ПМ 10 честички, а во Маџир Маало 614.Ништо подобро не е ни утрово, жителите на повеќе општини го почуствуваа загадувањето кое е повеќе пати над дозволеното.


Мерните станици во Скопје, од кои 14 од вкупно 33 мерни покажуваат дека квалитетот на воздухот е опасен за дишење. Останатите покажуваат висока или делумна загаденост, а само една мерна станица покажува дека воздухот е чист. Жителите на Сопиште се единствените кои можат да се пофалат со чист воздух.

Инаку, иако е  на врвот, Скопје, не е единствен загаден град во Македонија. Денеска висока загаденост има и во Тетово, Куманово, Свети Николе, Охрид.