Запознајте ја сестрата на Меланија Трамп

|

Инес Кнаус е постарата сестра на Мејанија. Таа не е многу медиумски експонирана личност. Ги користи социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, но медиумите таму можат да најдат само постари слики од неа и семејството.

Таа живее во луксузен двособен стан на Парк Авенија, кој е во сопственост на организацијата на Трамп а се занимава со уметност.
Од она што е познато за нивниот живот, ја напуштиле Словенија и заминале во Милано, каде што Меланија работела како манекенка, а Инес се обидувала да се пробие како модна дизајнерка.

Според изјавите на оние што ја познаваат, таа е многу љубезна и пријателски настроена личност, како и тоа дека е многу заштитнички настроена кога е во прашање нејзината сестра Меланија. – Тие се многу блиски, Инес е многу љубезна и креативна личност – Одри Грас, позната филантропистка од Палм Бич, која ја опишала сестрата на Меланија и нивниот однос.

Инес ја бранела Меланија кога се појавиле информации за мажите со кои што Меланија била во љубовна врска, пренесува „Њујорк Пост“.