Засега ништо од можноста за предвремено одење во пензија со докупување стаж – ова е ставот на МТСП

|

Јагода Шахпаска, Mинистерката за труд и социјална политика изјави дека во моментов во Минситерството работат на измените на законот за пензионирање, но измените ќе бидат само го поглед на тоа да се оди во пензија на 64 години а не и за можноста предвремено пензионирање со докуп на стаж.

Задолжителното пензионирање ќе важи за сите вработени во јавниот сектор додека пак во приватниот сектор ќе остава можности за исклучок, каде работникот и работодавецот со заемен интерес ќе се договорат за продолжување на работниот век. Засега како можни исклучоци се предвидува да бидат здравствените работници и наставниците од високообразовните институции.

Министерката појасни дека засега нема ништо од можноста за докуп на стаж и одење во пензија. Според неа, тоа ќе се разгледува како можност понатаму, во една поширока дебата. Ќе треба да се направи детална анализа, кој се би сакал да докупи стаж, колкав терет ќе биде тоа за државата итн.