Заврши и “сапуницата” за Роналдо со среќен крај за Јунајтед

ИЗВОРТелма
|

Крајот го дочека и “сапуницата” околу евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо. Во последниве недели се шпекулираше дека Португалецот има намера да си замине од Манчестер Јунајтед, но според последните информации тој сепак на крајот ќе остане на Олд Трафорд.

Баерн, Пари Сен Жермен, Челзи, Спортинг Лисабон или Реал Мадрид беа потенцијалните кандидати за ангажирање на ветеранот, кој незадоволен од квалитетот на тимот сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед.

Сепак тој очигледно реши да не ја менува средината и да остане во клубот до крајот на договорот кој завршува следното лето.

Според последните информации Кристијано Роналдо нема да патува со екипата на турнејата во Тајланд и се очекува на тимот да му се приклучи откако ќе се пресели на подготовките во Австралија.

ФОТО: Игор Паневски