Вучиќ: Земја во која Американците сакаат да инвестираат – има иднина

|

Американската Меѓународна развојна финансиска корпорација ДФЦ отвори своја канцеларија (претставништво) во Белград. По тој повод, на свеченото отворање свое излагање имаше и Претседателот на Србија – Александар Вучиќ.

„Што се однесува до доаѓањето на ДФЦ во Белград – таму каде што тие ќе отидат и каде што Американците сакаат да инвестираат, таму има иднина. Ова е добар сигнал и одличен симбол за нашата земја“, кажа Вучиќ во Белград.


На средбата беа присутни и извршниот директор на ДФЦ Адам Болер и специјалниот претставник на Белата куќа за дијалогот на Белград и Приштина, Ричард Гренел.

Според Вучиќ -Србија од 1881 година, кога на договорен начин ги регулирала трговските односи со САД, немала волку важен договор со Америка.

„Договорот во Вашингтон ги отвара вратите на пријателството. Тие разговори не беа лесни, но Србија ќе ги исполни своите обврски од тој договор“, кажа Вучиќ. Негово мислење е дека од овој договор корист ќе имаат и српскиот и албанскиот народ.

Тој ја искористи приликата и да му се заблагодари на претседателот на САД Доналд Трамп кој искажал почит за српскиот народ и граѓаните на Србија.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и извршниот директор на ДФЦ Адам Болер потпишаа изјава за отворање на канцеларија на развојната корпорација во Србија.