Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Грција

ИЗВОРНов Лист
|

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ги стресе областите Ахаја и Етолија-Акарнанија во западна Грција.

Земјотресот се случил во 2:20 часот.

Според Институтот за геодинамика на Атинската национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на седум километри југозападно од градот Нафпактос, на длабочина од 16 километри.