Жителите на Фукинг гласаа за промена на името заради претрпено исмејување

ИЗВОРНов Лист
|

Жителите на малото австриско село Фукинг гласаа за промена на името откако претрпеа несакано внимание од туристите од англиското говорно подрачје.

„Можам да потврдам дека селото се преименува. Навистина не сакам да кажам ништо повеќе – во минатото имавме доволно медиумско лудило за ова“, вели Андреа Холцнер, градоначалник на Тарсдорф, општина во која се наоѓа селото.

Туристите од англиското говорно подрачје сè повеќе доаѓаат во Фукинг за да се фотографираат со сообраќајната табла со името на селото. Некои дури прават зачудувачки безобразни пози пред таблата за да ги споделуваат на социјалните мрежи.

Инаку, најраниот податок за ова место е мапа од 1825 година која го покажува името на селото Фукинг, но некои експерти веруваат дека името датира од 11 век.