Живеат во Скопје и не се програмери или банкари, а заработуваат и до 1500 евра месечно

|

Двајца скопјани кои за Скопје Инфо раскажуваат дека работат по 12 часови на денот, но платата на месечно ниво им достигнува и до 1500 евра. Велат дека имаат висока стручна подготовка, но за конкретната работа, таа воопшто не е потребна.

Марио дипломирал на факултет за физичка култура, цел живот се занимава со спорт и работи како бербер во познат скопски салон. Работата брзо ја научил и усовршил. Низ неговите вешти раце дневно поминуваат и повеќе од 20 луѓе и вели дека кога ќе ги одбие редовните трошоци, платата на месечно ниво изнесува околу 1500 евра.

Драган има поинаква професија. Тој е дипломиран инженер по металгургија, но неговиот работен ден речиси цел го поминува во автомобил. Драган е таксист во една од скопските компании. Работи по 12 часови на ден и неговите месечни приходи исто така достигнуваат до 1500 евра.

Целиот текст со клик ТУКА.