Живее под ист покрив со змии, неписмен е и во продавница му наплаќаат и по пет пати поскапо – Бранислав искрено говори за условите со кои се справува

ИЗВОРНов Лист
|

Животот често пати е суров, а таква судбина го снашла Бранислав од селот Сејаце, кој живее на врвот на ова село во крајно нехумани услови недостојни за човек.

Бранислав нема никој во животот кој ќе дојде и ќе го праша барем како е, а не пак да му помогне со нешто, и е препуштен сам на себе. Од него блиските кренале раце, како што вели некои се прават дека не го познаваат само за да не им пречи на нивниот угледот.

– Го чувам селското училиште, директорот ми стави еден кревет па така спијам, не е удобно но морам немам друг избор. Инаку спијам во една просторија која е полна со змии, не знам до кога ќе оди вака, се навикнав и на змиите, вели Бранислав.

Директорот ми рече дека училиштето наскоро ќе се затвори бидејќи има само еден ученик, па со тоа и овој кревет ќе го немам. Е дури тогаш не знам што ќе правам, тоа ќе биде капак и на онака тешкиот живот што го живеам со години, вели разочарано тој.

Дека училиштето ќе се затвори бидејќи нема кој да учи во него исто така нагласуваат и соседите на Бранислав. Бранислав не е писмен, тој не ги разбира добро парите, па дури и нешто да заработи, во продавницата му ги зголемуваат цените за пет пати. Тој дури не знае ниту да се потпише, а луѓето наместо да му помогнат на човек во таква ситуација, тие го кра дат и исмејуваат.