„Зошто си ја украла јакната“ – Милош Биковиќ ја однел новата девојка во Москва, коментарите веднаш ги преплавија

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Милош Биковиќ веќе подолго време поради деловни обврски живее на две адреси, во Белград и Москва, а сега во главниот град на Русија ја однесе својата нова девојка Ивана Малиќ.

Ивана тоа го потврди на својот Инстаграм профил каде објави фотографија од Москва.

– Поладно е отколку што изгледа – напиша Ивана, а веднаш следеа бројни коментари под сликата.

Некои и дадоа комплименти за убавиот изглед, а имаше и такви кои се пошегуваа за нејзината врска со Биковиќ.

– Зошто си му ја украла јакната на Биковиќ? – напиша еден од следачите на Ивана, но таа не одговорила на тој коментар.

Да потсетиме, Ивана е адвокатка од Црна Гора, а Милош Биковиќ за прв пат се појави во јавноста со неа на почетокот на овој месец.