Амди Бајрам: Ми ја ампутираа едната нога (ВИДЕО)

ИЗВОРНов лист
|

Политичарот Амди Бајрам минатиов период бил подвргнат на оперативен зафат во кој му е ампутирана едната нога и во моментов е во фаза на закрепнување.

„Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката мислам дека ќе се вратам. Сега ми треба малку време да закрепнам, но ќе се вратам“ – кратко изјави за „Скопје1.мк“ Амди Бајрам.

Амди Бајрам на политичката сцена е присутен од 1991 година и до сега бил во коалиција со сите партии на власт. Тој е македонски политичар и претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ).

Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник. Во 1996 ја основа СРМ и е назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типувал победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102% по што остана запаметен.