Google воведе опција што ја посакувавме цел живот

|

Google конечно воведе опцијата што ја посакуваме цел живот.

Новата опција на Google дополнително ќе ни ја олесни потрагата на песна на која што не и го знаеме изведувачот или насловот,а знаеме само неколку стихови.

Со отварање на апликацијата Google search на мобилниот телефон, со вклучиување на опцијата за микрофон и кажување (прашување) „Која е оваа песна?“ се кликнува на Search и буквално можете да мрморите мелодија или делови од текстот – и Google ќе го стори останатото односно ќе ја најде посакуваната песна.
Сега полесно од кога и да е ќе го дознаеме музичкиот хит кој ни се мота низ главата.

Оваа нова опција им дава можност на корисниците повторно да ја пронајдат песната за која некогаш мислеле дека е исчезната.