И понуди храна на верверицата – снимката стана хит поради нејзината реакција (Видео)

|

Еден Русин шетајќи низ шумата ја снимил неговата средба со исплашена верверица, а снимките воодушевиле многу љубители на животни на социјалните мрежи.

Случајно, Данил Тјутерев имал јаткасти плодови со себе, кои и ги понудил на верверичката, притоа снимајќи со својот телефон, за да ја види нејзината реакција. Видеото со симпатичната верверица е објавено на неговиот канал на Јутјуб во понеделникот и веќе го погледнале повеќе од 350 000 луѓе.

Откако и понудил храна, таа не се двоумела, но тогаш се случило нешто неочекувано. Малата верверица „замрзна“ и воопшто не се движеше. Данил потоа ја ставил храната во скутот на верверичката.
Погледнете ја нејзината реакција 🙂