Апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни: Силен Џеновски циклон ни носи големо невреме!

|

Во следните часови полека облачноста од запад ќе се зголемува, што е најава за голема промена на времето кај нас.

Полека од запад ни се приближува силниот Џеновски циклон кој носи страшно невреме во регионот, но и многу снег во алпскиот регион.

Кај нас уште од утре претпладне ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во попладневните часови на повеќе места процесите ќе бидат интензивни, и локално застапени во форма на силно невреме, и тоа поради судирот на две воздушни маси (значително постудената од север и многу топлата од југ). Од појави се очекуваат интензивен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поројни поплави, бурен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално би можел да биде крупен.

Во Скопје и околината исто така постои опасност од појава на локално силно невреме.

Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, и во случај на појава на силно невреме и на силни електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Од среда температурите ќе бидат пониски за пет до осум степени во однос на сегашните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, а времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Сето ова ќе биде проследено со ветер од западен и од северозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!