(ВО ЖИВО) Убиецот во Србија сеуште не е фатен – пукано на повеќе локации

|

Тој пукал на три локации во селото Дубона и убивајќи невини луѓе ширел смрт. Осомничениот има криминално и прекршочно досие за прекршување на Законот за оружје и муниција. Меѓу 8-те загинати има и млад полицаец кој тогаш не бил на должност и неговата сестра. Застрелал и невини деца.

Утрото по невидениот масакр што уследи два дена по трагедијата во белградското основно училиште, потерата се уште трае, а на терен има масовни полициски сили – во потрагата по терористот учествуваат повеќе од 600 припадници на МУП, а акцијата Вител се уште е на сила.

07.00 часот – Дел од полициските сили ги пребарува и претресува сите викендички, напуштени куќи, чешли и околни чистини, а поставена е и блокада која не дозволува секој автомобил да го напушти просторот. Во потрагата се вклучени дронови и термални камери.