|
Групата скопски велосипедисти „На точак“ бараат екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ под итно да ги исечат гранките на дрвјата кои натежнале од лисјата над велосипедските и пешачки патеки кои им пречат на велосипедистите и пешаците.
– Во сегашната ситуација од избегнување на ниски гранки, сите учесници во сообраќајот се под ризик да се повредат себеси и останатите околу нив – нагласуваат од „На точак“ и додаваат дека како што екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ се грижат за зеленилото во тревниците и за гранките над градскиот паркинг, така треба да се грижат и за гранките над велосипедските и пешачките патеки.