Детето кој го направи масакрот најверојатно бил жртва на врсничко насилство, но и порано бил пријавуван за насилство

|

Утринава Светот го потресе веста за страшната трагедија која се случи во Србија.

Имено малолетникот кој утринава влезе со пиштол во своето училиште и уби осум деца, имал прецизен план кое дете од кое одделение треба да биде убиено. При самиот влез во училиштето го убил чуварот и дежурните ученици а потоа уште пет свои соученици.

Непосредно по нападот, убиецот сам се пријавил во полиција и им признал дека месец дена го подготвувал убиството а со себе имал и точна мапа од училиштето.

Според информации на полицијата, малолетникот и претходно бил повреден во врсничко насилство а веројатно бил и жртва.

Српскиот ученик, кој уби врсници во училиште, бил пријавуван за врсничко насилство, а српскиот министер за образование одговори потврдно. Според него, ученикот Коста Кецмановиќ и во минатото бил пријавен дека нападнал лице на кое му нанел расеченици на устата. Ова се случило во приватно училиште за глума, па постапката била запрена.

Министерката за здравство на Србија посочи дека можеби е крајно време кај децата да се внимава на менталното здравје, а не само на физичкото.

Засега случајот со масакрот нема добиено правна квалификација. За тоа треба да одлучи српското Обвинителство.

„Станува збор за малолетно дете, кое според сите изјави е примерен ученик и кое немало забележани психички или други проблеми што би укажале на тоа“, рече шефот на белградската полиција.