|
По разговорот на министерот за економија Бектеши со градоначалникот на општина Липково, на екипите на ЕВН им беше дозволен влез во село Слупчане. Непречено се работи да ги отсранат дефектите и да направат надградба на дистрибутивната мрежа. Граѓаните мирно набљудуваат додека ЕВН ја пушта струјата.
Во обид сами да го средат дефектот жители на Слупчане предизвикаа поголем и без струја останаа Оризаре, Ваксинце и Лојане.
Синоќа пак со блокирање на главниот пат кој води до селото ги спречија екипите на ЕВН да интервенираат.
Кражбите на електрична енергија во ова село се огромни и на годишно ниво се пресметуваат во милионски суми, а наплатата е само 20%.
Министерот Бектеши изјави дека сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија.