Екс директорот на Онкологија во Кривичен на судење за починат пациент кој не бил навремено лекуван

|

Екс директорот на клиниката за Онкологија, Нино Васев денеска влезе во Kривичниот суд како обвинет во предмет кој се води против него од 2021 година за несовесно работење во службата, а до него на обивнителна клупа седат уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска.

Пред влез во судницата тој ги одмина новинарите и не одговори на новинарските прашања за скандалот со злоупотребата на лекови за болните од канцер кој ги крена на нозе граѓаните. Медиумите објавија дека освен во клиниката и во неговиот дом викендов истражните органи извршиле претрес.

Според обивнението, на пацинет со дијагностициран малиген меланом кој требало веднаш да се лекува, Васев како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, поради што здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.

Обвинението не открива зошто не му биле давани лекови на пацинетот но обвинителката очекува до крајот на судењето да се утврди мотивот за тоа.

Денешното рочиште се одложи затоа што ниту еден од тројцата повикани сведоци не се појави. Судењето е во доказна постапка во фаза кога одбраната ги предлага своите докази и сведоци. По тоа следуваат завршни зборови и пресуда.