Принцот Вилијам (37) и војвотската Кејт (37) го преименувале името на своите добротворни организации и така службено се раздвоиле од Меган Маркл (37) и принцот Хари (34).
Според документите кои ги објавиле британските медиуми, Кејт и Вилијам законски го промениле името на организацијата на Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ. Тоа е последнот чекот од раздвојувањето на Хари и Меган од поранешната заедничка добротворна организација откако го прекинале основањето на сопствена фондација.
Извори од Кралската палата демантирале дека постојат караници помеѓу браќата и нивните животни сопатнички. Браќата ја основале фондацијата во 2009-та година, а Кејт се придружила две години подоцна откако се омажила за Вилијам.
Ова не е едниствениот пат браќата да се раздвојат. Наиме Меган и Хари имаат свој профил на Инстаграм , одвоен од Вилијам и Кејт. Експертите кои го следат Кралското семејство изјавиле дека тоа го направиле намерно за повеќе да им се приближат на нивните следбеници.
Хари и Меган често сами ги пишуваат своите описи под фотографиите додека пак Вилијам и Кејт тоа не го прават. Нив тоа им го прават експерти од нивниот тим.
Многумина тврдат дека сопругите се среќни што ги одвоиле браќата сами за себе.
Војвотката од Сасекс на тоа инсистирала откако се омажила за принцот и тоа затоа што поранешната актерка не била навикната да живее во големо семејство.