Ако секогаш играте според правилата и го правите она што се очекува од вас, тогаш веројатно не сте хедонист.
Вистинските хедонисти ќе направат сè што можат за да ја достигнат ултимативната цел, а тоа е задоволство, дури и ако притоа мора да прекршат некои правила и да ги разочараат другите. Таквите луѓе најчесто се раѓаат во овие пет хороскопски знаци.
Бик
Биковите се најголеми хедонисти во зодијакот и тоа никој не може да им го скрати. Тие живеат за задоволствата и секогаш целосно им се препуштаат. Но тоа не значи дека се мрзеливи, напротив, Биковите ако е потребно подготвени се добро да се испотат за да си го дозволат посакуваното уживање.
Лав
Една од главните карактеристики на хедонистите е тоа што сакаат да бидат во центарот на вниманието, а тоа совршено ги опишува луѓето родени во знакот на Лав. Лавовите сакаат кога другите им делат комплименти, но и подароци, и тоа за нив е врвот на уживањата во животот.
Вага
Вагите најмногу уживаат во убавината и сакаат да бидат опкружени со убави работи, но и со луѓе. Затоа често знаат да бидат и доста површни и да ги проценуваат луѓето според нивниот изглед, но во состојба се да препознаат и нечија внатрешна убавина, која исто така ја ценат.
Шкорпија
Не е тајна дека Шкорпиите се најстраствениот хороскопски знак, а она во што тие најмногу уживаат, се разбира е сексот. Со оглед на тоа дека се природни хедонисти, таквите задоволства не си ги скратуваат.
Овен
Луѓето родени во знакот на Овен важат за најтолерантни во зодијакот, затоа уживање за нив претставува секој момент кога не мора да трпат нечии туѓи проблеми и драми.