Маж го напуштил Клинички пред три дена но никогаш не се вратил дома – се трага по жител на Пехчево

|

Полицијата сѐ уште трага по 74-годишен жител на Црник, општина Пехчево, кој пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и не се вратил во родното село. Исчезнувањето, како што информираат од полицијата, го пријавила неговата сестра од Делчево.

– Пријавата ја добивме на 5 март 2022 во 20:15 часот. Во Полициска канцеларија Пехчево А.Ќ.(57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат К.Д.(74) од селото Црник, кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 3 март 2022 по сопствено барање го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец – велат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на 74-годишникот.