Малкумина знаат: Кире Лазаров има братучетка популарна пејачка во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Роднините и семјството не може да ги бираме, а кога станува збор за семејни односи секогаш треба да ги негуваме, бидејќи семејството е најважната работа во животот.

На македонската естрада меѓу јавните личности има роднини и семејни врски. За некои од нив можеби знаете, за некои можеби не. Овие двајца се талентирани и успешни, секој во своето поле. За Кире нема потреба да се зборува, тој со години наназад е прогласуван како еден од најдобрите ракометари во светот, а таа пак, иако сеуште млада веќе има низа признанија, успеси и победи зад себе.

Како што пренесува естрадниот магазин „Ексклузив“, најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров е во роднинска врска со Антониа Гиговска.

Кире како и секогаш победува на спортскиот терен и моментално е во центарот на вниманието на светската јавност како дел од Светското првенство во ракомет, а Антониа учествува во најновото издание на „Пинкови ѕвездички – сите ѕвезди“ каде беше повикана повторно како една од најдобрите пејачки кои поминале низ шоуто.

Како што пренесува естрадниот магазин, Кире и Антонија се подалечни братучеди, но сепак по нив се гледа дека успехот и талентот им е запишан во гените и во крвта.