Македонската актерка Ана Стојановска се појави на Сараевскиот филмски фестивал во креација со која ги маѓепса сите. Извонреден прием со преполно гледалиште, многу смеа и апалаузи имаше синоќа „Кајмак“ на Милчо Манчевски.
Стојановска во спектакуларно издание освои со настапот на црвениот килим каде се појави со дел од екипата на филмот режисерот Манчевски, колегата Филип Трајковиќ и продуцентот Јане Ќортошев. Таа се одлучи за креација која го покажа нејзиниот стомак, едноставна шминка и собрана коса. Изгледот го комплетираше со дискретен накит.
„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.
Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска.
Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.