|
Вчера (29 јуни) во 12.10 часот во СВР Тетово пријавено е дека 34-годишниот З.С. од тетовска Мала Речица, враќајќи се наназад со своето патничко моторно возило „ауди“ во дворот пред семејната куќа, според пријавеното, удрил во малолетниот син, при што му нанел тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.
Извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово.