Не е само мостот “Беласица” – небезбедни се уште два моста во Скопје

|

Со мостот „Беласица“ се отвори Пандорината кутија и анализи на другите мостови на скопското подрачје. Мостот „Гоце Делчев“ во Центар и „ Обединети нации“ во Влае се критични според деканот на Градежниот факултет во Скопје, проф. д-р Горан Марковски.

Тој за Студио 10 на Телевизија 24 посочи дека нема детални информации и нема намера да шири паника, но за Мостот „Обединети Нации“ вели дека треба да се преземе нешто час поскоро, мостот „Гоце Делчев“ е специфичен и покажал проблеми веднаш по неговото пуштање во употреба во седумдесеттите. Имало деформации за краток период па бил саниран во деведесеттите. Не се потребни големи средства, а добивката би била голема со оглед на значењето на овој мост за сообраќајот во градот,

Професор Марковски истакна, доколку мостовите не се одржуваат соодветно протокот на вода по мостовската конструкција може да предизвика сериозни последици отколку што би чнелата самата промена. Според пропишаните светски стандарди на мостовите мостовите се издржливи до сто години, без притоа да бидат вложени средства за санации. Но сепак, со новите технологии, добра организација и проект возможни се обнови без прекин на сообраќајниот крвоток.

А мостот „Беласица“ не треба да се урне и да се гради нов на негово место-оваа опција целосно ја отфрла деканот на Градежниот факултет. Поразумно решение, вели е да се направи негова санација и да се врати назад во првобитната состојба. Од Центарот за управување со кризи, потенцираат дека најпрво треба да се утврди штетата, а потоа да се направи проценка дали и за колку време треба мостот да се санира.