Не падна договор: Продолжува штајкот на училиштата и градинките

|

Во училиштата и градинките ќе се штрајкува петти ден, зашто сѐ уште нема договор за повисоки плати на вработените. МОН вчера повика наставата да продолжи, а паралелно да има преговори, на што СОНК одговори дека без прифатлив предлог и понуден процент за покачување на платите, не може да го прекинат штрајкот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека го почитува правото на штрајк, како уставно и законски загарантирано, но дека синдикалното раководство треба да му даде предност на социјалниот дијалог и додека тој трае, редовната настава да продолжи, притоа потсетувајќи на загубеното во изминатите две години поради панде*ијата.

– Aпелирам до сите општествени чинители, а особено до СОНК и до наставниците, кога носат одлуки и постапуваат, да се водат од најдобрите интереси на учениците. Да им овозможиме на учениците навремено да ја завршат учебната година и да ја почнат подготовката или реализацијата на веќе зацртаните планови за иднината. Тоа е наша заедничка должност, законска, етичка и морална обврска и верувам дека доколку не од утре, веќе од понеделник воспитно-образовниот процес ќе се нормализира, а со тоа и секојдневното функционирање на многу семејства во чии домови има ученици, истакна Шаќири на прес-конференција пред Владата.

Тој додаде дека со минималната плата ќе се усогласат и сите останати, вклучително и во образованието каде, како што рече, дополнително ќе следува и зголемување за одреден процент за кој во моментов се преговара