Нов хорор во Скопје: Малолетник силуван од врсници – го снимале, па праќале видеото

|

Вчера околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Во изминатиот период, МВР известува за низа случаи на пресметки меѓу малолетници, но и за врсничко насилство.